Хроника

Возач нападнат по сообраќајка кај патот Штип-Радовиш, му го одзеле и возилото

24. јуни 2018 - 14:30 | МИА

Скопје, 24 јуни 2018 (МИА) - На локалниот пат с.Брест-регионален пат Штип-Радовиш, вчера околу 18 часот се случила сообраќајна незгода меѓу Golf 3 со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од селото Брест и Fiat Punto без регистарски ознаки, управувано од непознато лице.

„Според пријавеното, кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција,  физички бил нападнат од возачот и совозачот на возилото „Фиат Пунто“, кои потоа му го одзеле автомобилот и избегале оставајќи го нивното возило на лице место“, наведуваат од МВР.

Одземеното возило Golf 3 било пронајдено во близина на село Брест.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на  лицата и расчистување на случајот.

Коментирај