Македонија

„Тврдина 2“ се одложи за 26 септември

3. јули 2017 - 11:37 | Макфакс

Судскиот процес за „Тврдина 2“ се одложи за 26 септември. Адвокатите на одбраната Љупчо Шврговски и Миле Петровски побараа повеќе време за подготовка.

На седницата беа присутни сите обвинети и двајца од сведоците.  Во Кривичниот суд денеска се бараше слободна сала за главната расправа за случајот „Тврдина 2“, бидејќи сите беа зафатени.

За случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски и шест службенички од УБК. На минатото рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Грујовски пред судијката Лидија Петровска рече дека со „индигнација го одбива обвинението“.

Обвинетите во случајот „Тврдина 2“ се товарат за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

СЈО во четвртокот поднесе и ново обвинение за случајот „Тврдина“, спојувајќи ги истрагите „Таргет“ и „Тврдина“.

Коментирај