Авто новости

Tesla почнува со испорака на новиот Model 3 седан

4. јули 2017 - 10:06 | А.С.

Вредноста на акциите на компанијата Tesla вчера порасна за 3% откако производителот на електрични автомобили соопшти дека на 28 јули ќе ги испорача првите 30 возила Model 3 седан на клиентите.

Овој модел ги помина сите потребни барања за производство две недели пред предвидениот рок, напиша на Twitter извршниот директор на компанијата Елон Маск.

Неговото соопштение ја смири загриженоста околу способноста на Tesla да ги исполни производните цели, имајќи предвид дека лансирањето на претходните модели Model S и Model X беше отежнато со доцнење и испитување на квалитетот.

„Производството ќе расте експоненцијално, така што во август ќе излезат 100 автомобили, а во септември над 1.500“, напиша Маск.

Tesla Model 3 ветува дека во автомобилот удобно ќе може да се сместат петмина возрасни, дека автомобилот постигнува забрзување од 0 до 60 км/ч за помалку од 6 секунди и дека има капацитет од 346 километри со едно полнење.

Коментирај