Интернет

Технолошките гиганти реагираат на укинувањето на нет неутралноста

15. декември 2017 - 13:42 | А.С.

Покрај големото противење на Конгресот, технички експерти, активистички организации, и секако, американскиот народ, Федералната комисија за комуникации (FCC) вчера гласаше да се укине „Уредбата за отворен интернет“ од 2015 година и заштитите на нет неутралноста што следеа со неа.

Гласањето наиде на критики од технолошките гиганти како Amazon, Facebook и Netflix, но беше пофалено од интернет провајдерите во САД.

„Многу сум разочаран од одлуката на FCC да ги укине заштитите што ги нудеше нет неутралноста“, напиша на Twitter вернер Вогелс од Amazon.

„Ќе продолжиме да работиме со нашите колеги во ова поле, со нашите партнери и корисници, за да најдеме начини да се осигураме дека отворениот и фер интернет ќе продолжи да носи големи иновации.“

Шефицата на операции на Facebook Шерил Сандберг на нејзниот профил на социјалната мрежа напиша:

„Одлуката на FCC да стави крај на нет неутралноста е разочарувачка и штетна. Отворениот интернет е клучен за нови идеи и економски можности, а интернет провајдерите не треба да може да одлучуваат што ќе може луѓето да гледаат онлајн, ниту да наплаќаат повеќе за пристап до одредени веб страници. Подготвени сме да соработуваме со членови на Конгресот и други за да помогнеме интернетот да биде слободен и отворен за сите.“

Netflix исто така се огласија на темата:

„Разочарани сме од одлуката за задушување на нет неутралноста што донесе невидена ера на иновации, креативност и граѓански активизам. Ова е почетокот на долга правна битка. Netflix стои зад иноваторите, мали и големи, за оспорување на уредбата на FCC.“

Во 2014 година, пред донесувањето на Уредбата за отворен интернет, BBC направи поучно видео во кое објаснува што значи нет неутралноста и како таа се одразува на корисниците на интернет.

Коментирај