Македонија

СЈО ќе бара јавна седница на Апелација за притворот на Грујевски

10. јули 2017 - 12:59 | Макфакс

Специјалното јавно обвинителство ќе бара на јавна седница да се разгледува нивната жалба на одлуката да му се одреди мерка на претпазливост, а не притвор, за Горан Грујевски, поранешниот прв човек на Петтата управа во УБК.

Тој е обвинет во случајот на СЈО „Тврдина и Таргет“ заедно со Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и лицата Н. Б. и Н. Н. За сите нив судот ја одби мерката пртивор и определи мерки на претпазливост.

Коментирај