Живот

После смртта на најстарата личност на светот, Гркинка ја презема титулата

26. април 2018 - 16:58 | М.Д.

Пред неколку дена почина најстарата личност на светот, 117 годишната Јапонка Наби Таџима, а сега е познато и кој ја презема нејзината титула.

Титулата за најстара личност на светот сега ќе ја преземе Катерина Карнар, од Грција, која е стара 112 години.

Судејќи според официјалните документи, госпоѓица Карнар е родена на 25 јули 1905 година, а ова лето ќе наполни 113 години.

Нејзините роднини следниве неколку дена ќе треба да ја достават потребната документација, за оваа баба да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Екипата на телевизијата „Patras“ ја посети најстарата бабичка на светот, каде и поставуваа прашања поврзани со тежината на животот кој го живее.

„Животот ми беше многу тежок. Имав многу тажни моменти, мојот сопруг почина, моите деца починаа додека беа млади. За среќа, имам прекрасни роднини. Мојот син беше капетан во морнарница. Кога отиде во пензија изгради куќа во Атина. Сепак, набргу почина и не стигна ниту да ужива во неа“, изјави Катерина.

Коментирај