Македонија

Почна разгледувањето на жалбите за „Титаник“

17. јули 2017 - 12:11 | Макфакс

Во Апелациониот суд денеска почна разгледувањето на жалбите на обвинетите и на СЈО за изречените мерки на Кривичниот суд по обвиненијата на тимот на Катица Јанева.

Прва е жалбата на Ејуп Алими за случајот „Титаник“, а потоа ќе се разгледуваат жалбите на Горан Грујовски,Никола Бошковски,Тони Јакимовски и Сашо Мијалков, сите за случаите „Таргет“ и „Тврдина“. За жалбите ќе одлучуваат судиите Љиљана Ивановска Шопова, Сафет Кадрии и Јани Нича.

Во текот на викендот Апелација ги потврди одлуките за одземањето на пасошот на новинарката Ивона Талевска, обвинета за даночно затајување, и на обвинетите алфи во МВР обвинети во случајот „Тортура“, за апсењето на Љубе Бошкоски. Во судот еднаш неделно мора да се јавуваат: Ивица Антевски Пуки, Новица Станковски, Јован Боцевски и Петар Милошевски, бидејќи одлуката на Апелација е конечна.

Се очекува и во текот на целата недела Кривичниот совет на скопска Апелација да одржува седници бидејќи се пристигнати жалби на одлуките на Кривичен и од обвинетите и од СЈО.

Коментирај