Македонија

Наместо за буџетот во Собранието, денеска ќе се расправа за новиот јавен обвинител

15. декември 2017 - 12:57 | Макфакс

Седницата на Собранието на која на дневен ред беше дополнетиот предлог-буџет за 2018 година од денеска е презакажана за 22 декември, информираат собраниските служби.

Направена е смена на дневниот ред, наместо за буџет, пратениците во рамките на продолжението на 22. седница ќерасправаат за именување на новиот јавниот обвинител Љупчо Јовевски, кој на местото на Зврлевски доаѓа како предлог на Владата.

Од собранието информираат дека седницата за буџетот била одложена од објективни причини.

„Ве известуваме дека поради објективни причини и неодложни активности на дел од претставниците членови на Владата на Република Македонија, се одложува дваесет и шестата седница на Собранието на Република Македонија“, се вели во соопштението од Собранието.

Коментирај