Фудбал

Мурињо: Трансферот на Роналдо е невозможна мисија

16. јули 2017 - 16:45 |

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, одговарајќи на новинарски прашања во Лос Анџелес, рекол дека трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед е невозможна мисија.

Кристијано Роналдо на почетокот на преодниот рок беше поврзуван со трансфер во Јунајтед, клуб во кој со голем успех настапуваше во периодот од 2003 до 2009 година. На почетокот на предониот рок се шпекулираше дека поради аферата во Шпанија, околу даночното затајување, Португалецот е незадоволен и дека сака да го напушти Реал.

„Никогаш не сме размислувале за трансферот на Роналдо, бидејќи тој е многу важен играч за Реал, клуб кој поседува голема економска моќ. Не можевме да пронајдеме ниту една причина поради која тој би го напуштил Реал. Не ја поддржувам тезата Јунајтед да губи време на фудбалери чии трансфер е невозможен“, рекол Мурињо.

Исто така португалскиот тренер проговорил и за нереализираниот трансфер на соиграчот на Роналдо, Алваро Мората. Според него сумата од 80 милиони евра која ја барал Реал била преголема за неговиот клуб.

Коментирај