Вести

„Microsoft“ бил хакиран во 2013, а податоците биле искористени за напад на корисниците

19. октомври 2017 - 9:20 | К.З.

Пред четири години хакери се пробиле во тајните сервери на „Microsoft“ и украле податоци за ранливоста на нивните софтверски производи, кои подоцна ги употребиле за напад на корисниците.

Од компанијата „Microsoft“ решија да го признаат хакерскиот напад дури сега, откако молчеа четири години.

До сознанијата за нападот дојде новинарската агенција Reuters, додека интервјуирале поранешни работници на „Microsoft“.

Одговорните луѓе во компанијата се согласиле дека ќе го премолчат хакерскиот напад, како би ги намалиле шпекулациите дека нивните системи не се доволно сигурни. Првиот напад бил посериозен и предизвикал паѓање на системите, но нападите кои се случиле подоцна не предизвикале сериозни удари на безбедноста на компанијата бидејќи тие веќе знаеле како да се одбранат од нив.

Набрзо по случајот биле хакирани и „Facebook“, „Apple“ и „Twitter“.

Во тој период, првата компанија која призна дека била хакирана беше „Facebook“, што ги охрабри „Microsoft“ да прозборат на темата, но тогаш објавија дека само неколку од нивните вработени биле хакирани и дека тоа нема да влијае на безбедноста на корисниците.

Коментирај