Бизнис

Мате Римац - хрватскиот Елон Маск кој доби инвестиција од Porsche

21. јуни 2018 - 11:34 | А.С.

Хрватот Мате Римац почна да се занимава со електрични автомобили во 2009 година. Почна во гаража, а денес, нецели 10 години подоцна, неговата компанија има над 400 вработени низ целиот свет, а најнов инвеститор му е гигантот Porsche.

Приказната почна со едно старо BMW

Во приказната со електричните автомобили Римац влезе со трансформирање на старо BMW во електричен автомобил со кој сакаше (и успеа) да ги победи бензинските конкуренти.

Римац, кого го нарекуваат хрватскиот Елон Маск, одбива секаква помисла дека неговиот успех е изненаден или случаен. Пред шест месеци на неговиот Facebook профил објави видео од првото тест-возење на трансформираното BMW.

„Првото тест-возење од пред 8 години. Направен во една малечка гаража без греење во една ладна зима. Толку од ‘изненадниот’ успех – помина речиси една деценија. Но, патот е долг“, напиша тогаш Римац.

„Го извадив моторот, го видов празниот простор под хаубата и размислував што да ставам внатре.“

Иако почетната верзија на тој автомобил била направена од купени компоненти со кои го претворил во електричен, римац не бил задоволен од нивните перформанси и почнал да произведува свои делови, па наскоро, сѐ што било вградено во тој автомобил било негов производд.

Во 2011 година неговиот прв суперавтомобил Concept_One имаше светска премиера на најголемиот саем за автомобили во Франкфурт. Римац покажа дека тоа што го работат е навистина серозно и привлече инвеститори.

Во 2014 година во Rimac Automobile влегоа тројца странски инвеститори и според некои проценки, компанијата уште тогаш вредеше околу 500 милиони куни. Во 2015 ја надмина бројката од 100 вработени, а денес во компанијата работат над 400 луѓе ширум светот.

По неколку години развој и неколку произведени прототипови, Римац во 2016 година ја претстави производната верзија на својот електричен болид, со подобрени перформанси и технологија во споредба со претходните.

Годинава на саемот во Женева, римац го претстави новиот автомобил C_Two, кој постигнува брзина од 0 до 300 км/ч за 11,8 секунди, а максималната брзина му е 412 км/ч. Тоа го става во редот на најбрзите електрични автомобили на светот, но и автомобили воопшто. Од 0 о 100 км/ч стигнува за 1,97 секунди.

 

 

По влогот на Porsche вреди над 1 милијарда куни

Потврдата дека Rimac Automobili навистина има светла иднина стигна вчера со објавата дека Porsche презема 10% од компанијата. Соработката со Porsche ќе му овозможи на Римац да го реализира планираното – да стане значаен добавувач на големите автопроизводители.

„Сметаме дека идеите и пристапот на Rimac многу ветуваат, па се надеваме на соработка со оваа компанија во форма на развојно партнерство“, изјави Луц Мешке, член на управата задолжен за финансии и информатика во Porsche.

Како што кажа и самиот Римац, инвестицијата на Porsche, кој е дел од групацијата VW, најголемиот производител на автомобили на светот, може да има бројни погодности.

Со оваа инвестиција, Rimac Automobile вреди над 1 милијарда куни, што би значело и нови инветситори и повеќекратно зголемување на вредноста на компанијата.

Коментирај