Македонија

Кривичниот суд не ги отфрли трите бомби на СЈО во предметот против Сеад Кочан

7. ноември 2017 - 12:55 | Макфакс

Советот за оценка на обвинителниот акт при кривичниот суд, одлучил да не ги отфрла трите понудени бомби на специјалното јавно обвинителство како доказ во предметот „Труст“, изјави обвинителот Гаврил Бубевски по денешното прво рочиште. Од трите, една е јавно објавена бомба за разговорот меѓу Никола Груевски и Влатко Чинговски, ексдиректорот на АД ЕЛЕМ.

Адвокатката Сања Алексиќ која застапува еден од обвинетите, за „Макфакс“ не прецизираше дали тие како адвокатски тим побарале издвојување на бомбите или станува збор само за оценка на обвинителниот акт.

Ова е прво обвинение, кое уште во фаза на оценка на обвинителниот акт не ја оспорува законитоста на бомбите како доказ во постапката.

Коментирај