Рецепти

Колачи од пудинг

15. декември 2017 - 13:11 | М.Д.

Подгответе вкусни колачи од пудинг.

Потребни состојки:                                                            

Колачи од ванила :

125 грама маргарин

50 грама шеќер во прав

2 пакетчиња ванилин шеќер

125 грама брашно

50 грама прашок за пудинг од ванила

Колачи од чоколада;

125 грама маргарин

50 грама шеќер во прав

2 пакетчиња ванилин шеќер

125 грама брашно

50 грама прашок за пудинг од чоколада

Подготовка:

Рачно измешајте ги маргаринот, шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете го брашното и замесете ја смесата, на крајот се додава прашокот за пудинг од ванила и се замесува целата смеса.

Вака замесената смеса префрлете ја во кеса и оставете ја 30 минути во ладилник да отстои.

На истиот начин направете ја втората смеса, односно со пудингот од чоколада и таа смеса ставете ја во ладилник.

По 30 минути ја вадите првата смеса од ванила и ја делите на мали тoпчиња со големина на лешник, од оваа количина на тесто треба да формирате околу 40 парчиња.

Формираните топчиња ги префрламе во тава за печење. Пред самото печење секое топче го притиснуваме со виљушка, така за да направиме убава форма на колачите. Печеме во загреана рерна 180 степени од 8 до 10 минути.

Постапката ја повторуваме и со колачите од пудинг од чоколада.

Коментирај