Мобилни

Како да слушате музика на YouTube додека правите други работи на вашиот телефон

21. октомври 2017 - 15:44 | К.З.

YouTube знае дека сакаме да слушаме музика на апликацијата додека правиме други работи, но бидејќи платформата живее од реклами кои се наоѓаат на видеата, ве обврзува да не можете да го заклучите телефонот освен ако не сте YouTube Red претплатник.

Но, секогаш има начин да се дојде до посакуваното решение.

А тука, решението е многу едноставно: Не ја користете апликацијата.

Без разлика дали користите телефон кој има Android или iOS оперативен систем, решението е подеднакво едноставно, треба да користите интернет пребарувач ако сакате да слушате музика на YouTube додека работите други работи или сте влезени во друга апликација.

На Android, ова работи на пребарувачот Chrome. Само впишете youtube.com пребарувачот и потоа од менито во горниот десен агол (изгледа како три точки наредени една под друга), штиклирајте го „Request desktop site“. Сега, видеото ќе паузира кога ќе излезете од пребарувачот, но ќе ви се појави дополнително мени преку кое ќе можете повторно да стиснете „Play“ на видеото.

За iOS ќе треба да симнете друг пребарувач, наречен Dolphin, но понатаму патот е сличен. Впишувате youtube.com, и го пуштате видеото. Потоа, откако ќе излезете од пребарувачот, влезете во iOS Control Center и повторно пуштете го видеото.

Коментирај