Свет

Исламска држава го запалила јорданскиот пилот заробен во Сирија

3. февруари 2015 - 19:30 | Макфакс

Џихадистичката група Исламска држава објави видео на кое се гледа како маж е изгорен жив, јави AFP.

Групата тврди дека тоа е јорданскиот пилот, кој беше фатен откако неговиот авион беше соборен во Сирија на 24 декември.

Во тоа време 26-годишниот пилот Муат ал Касасбех вршел воздушни удари врз позиции на Исламската држава, во рамки на акцијата на меѓународната коалиција.

Јорданскиот пилот, кого џихадистичката група Исламска држава тврди дека го запалила жив, бил убиен пред еден месец, пренесе јорданската телевизија.

Според истиот извор, пилотот бил убиен на 3 јануари. Последните денови Аман побара докази дека заробениот пилот во Сирија е жив.

„Ако видеото се покаже автентично, тогаш ова е уште еден доказ за нечовечноста и варварството на оваа организација“, изјави Барак Обама, пренесува Yahoo.

Коментирај