Хроника

Автомобил удри шестгодишно девојче во Штип

22. октомври 2017 - 13:33 | Макфакс

Шестгодишно девојче е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Штип.

Според информациите на МВР, вчера во 08.45 часот на крстосницата од ул. „Черења“ и ул. „Косовска“ во Штип се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Т. (32) од Штип, удрило во шестгодишно девојче.

Во незгодата, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесена во Медицински центар Штип. По укажаната лекарска помош била пренесена и задржана во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Коментирај